Францускиот актер Гаспар Улиел, кој се прослави со улогата на Ив-Сен Лоран во биографскиот филм од 2014, почина на 37 години откако им подлегна на повредите од скијачка несреќа, објави неговото семејство. Тој вчера бил превезен со хеликоптер во болницата со Гренобл со тешки повреди на главата откако се судрил на патеката во регионот Савоја.
Улиел беше меѓу водечките француски актери на својата генерација и ја има една од главните улоги во новата серија на „Марвел“, „Мун Најт“, која допрва ќе има премиера на стриминг платформата „Дизни+“.
Во 2017 година ја освои наградата Сезар, францускиот еквивалент на Оскар, за најдобар актер за филмот „Ова е само крајот на светот“.
„Француската кинематографија изгуби голем талент, полн со шарм и енергија“, изјави министерот за култура Бруно Ле Мер.
Улиел почнал да глуми на 11 години и во 2005 му беше доделен Сезар за најнадежен актер. Во Холивуд се проби играјќи го Ханибал Лектер во „Подемот на Ханибал“ од 2007.