ЃОКОВИЌ ЛАНИ КУПИЛ ДАНСКА ФИРМА КОЈА РАЗВИВА ЛЕК ПРОТИВ КОВИД-19

    ЃОКОВИЌ ЛАНИ КУПИЛ ДАНСКА ФИРМА КОЈА РАЗВИВА ЛЕК ПРОТИВ КОВИД-19Ѓоковиќ и сопругата Јелена поседуваат 80% од акциите на „Квантбиорес“ (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ одбива да се вакцинира поради што беше избркан од Австралија и го ризикува настапот на Ролан Гарос, па сите надежи ги полага во лек против ковид-19. Најдобриот светски тенисер поседува мнозинство акции во данска биотехнолошка фирма која се обидува да развие лек против ковид-19, објави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ.

    Тој откри дека Ѓоковиќ во јуни минатата година купил 80% од акциите на „Квантбиорес“, но одби да каже колку платил за тоа.

    Оваа компанија развива пептид, кој го спречува коронавирусот да ја зарази човечката клетка и се очекува да почне со клиничките тестирања во Велика Британија ова лето.

    „Фирмата развива лекарство, а не вакцина“, нагласува Лончаревиќ, додавајќи дека таа има десетина истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија.

    Според данскиот регистар на компании, Новак Ѓоковиќ е сопственик на 40,8%, а неговата сопруга Јелена на 39,2% акции.

    „Форбс“ го вклучи Ѓоковиќ меѓу 50-те најплатени спортисти на светот во 2021, откако заработил 4,5 милиони долари на тениските турнири, а повеќе од 30 милиони надвор од тенисот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира