ИЗВРШЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ И НА БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛ

    ИЗВРШЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ И НА БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛУште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива. (Фото: Министерство за здравство)

    Вчера кај млад пациент е извршена трансплантација на срце од починат дарител, соопшти Министерството за здравство. Ова е седма транспатација на срце од починат дарител во земјава.

    Откако семејството на пациент кај кого била констатирана мозочна смрт дало согласност за донирање на органите, доцна во ноќта започала експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

    „Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство  подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж. И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и сè уште работат“, велат од Министерството за здравство.

    Во мај 2020 на Клиниката за кардиохирургија беше изведена првата експлантација, а потоа и трансплантација на срце од починат донор во нашата земја.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира