ЌЕ СПРОВЕДЕМЕ АНКЕТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО СТАР АЕРОДРОМ И НОВО ЛИСИЧЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ

    ЌЕ СПРОВЕДЕМЕ АНКЕТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО СТАР АЕРОДРОМ И НОВО ЛИСИЧЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИЗа решавање на проблемот со бедостаток на паркинг места ќе се воведува косо паркирање. (Фото: Општина Аеродром)

    Општина Аеродром ќе спроведе анкета за воведување на зонско паркирање во Стар Аеродром и Ново Лисиче. Градоначалникот Тимчо Муцунски вели дека еден од најголемите проблеми на жителите на општината е паркирањето и затоа со ЈП „Градски паркинг“ ќе се работи на изнаоѓање решение.

    „Во наредниот период како Општина Аеродром планираме да преземеме конкретни чекори и спроведување анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш ќе воведеме на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче“, вели Муцунски.

    Освен воведувањето зонско паркирање како што вели Муцунски ќе се работи и на воведување на косо паркирање, со што ќе обезбедат поголем број на места за паркирање.

    Во Општина Аеродром во времето на градоначалникот Ивица Коневски во соработка со ЈП „Градски паркинг“ беше воведено зонско паркирање на неколку локации и тоа околу  „Скопјанка“, кај ТЦ„Бисер“ и ТЦ „Капитол“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира