Второто полугодиа од учебната година ќе почне на 1 февруари. Владата на денешната седница донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците од вторник, 1 февруари.
„Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство”, се вели во владиното соопштение.
Продолжувањето на учебната година беше одложено за две недели поради зголемениот број на случаи на ковид-19 и брзото ширење на сојот омикрон.
А. АНТЕВСКА