ФИЛИП ДАСКАЛОВСКИ НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ВЛАДИМИР КРОНЕВСКИ НА СЛУЖБЕН ВЕСНИК

    ФИЛИП ДАСКАЛОВСКИ НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ВЛАДИМИР КРОНЕВСКИ НА СЛУЖБЕН ВЕСНИКНовите директори се поставени на вчерашната владина седница. (Фото: Фејсбук)

    Нов в. д. директор на ВИП Арена „Борис Трајковски“ од денес е Филип Даскаловски. Тој доаѓа на местото на Александар Петровски кој минатата недела најави повлекување од функцијата. Даскаловски е назначен на функцијата на вчерашната владина седница на која се поставени в. д. директори и на Службен весник и на Управата за заштита на културното наследство. За прв човек на Службен весник е поставен Владимир Кроневски кој доаѓа од ЈП „Градски паркинг“, а Ариан Асланај е назначен за в. д. директор на Управата за заштита на културното наследство.

    На вчерашната седница, како што велат од Владата, за в. д. директорка на Царинската управа е назначена Славица Кутиров, а досегашниот в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски е назначен за директор на институцијата.

    Ова се први именување на директорски позиции во новата Влада на премиерот Димитар Ковачевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира