НОВ ЗЕЛАНД ЌЕ ГО УКИНЕ КАРАНТИНОТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА И ЌЕ ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ

    НОВ ЗЕЛАНД ЌЕ ГО УКИНЕ КАРАНТИНОТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА И ЌЕ ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕУкинувањето на најстрогите мерки ги соопшти премиерката Џасинда Ардерн. (Фото: АП)

    Владата на Нов Зеланд денеска кажа дека ќе го укине карантинот патниците за влез во земјата и повторно ќе ги отвори границите, промена што ја поздравија илјадници граѓани во странство кои долго чекаат да се вратат дома. Од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд донесе едни од најстрогите гранични контроли во светот. Повеќето патници кои доаѓаат треба да поминат 10 дена во карантинска хотелска соба управувана од војската, услов што создаде тесно грло на границата.

    Мерките првично беа заслужни за спасување на илјадници животи и му овозможија на Нов Зеланд да елиминира или контролира неколку епидемии на коронавирус.

    Но, сè повеќе граничните контроли се сметаат за неуспешни во свет каде што вирусот станува ендемичен и во земја каде што веќе се шири сојот омикрон. Тесното грло принуди многу Новозеланѓани во странство да влезат во систем во стил на лотарија за да се обидат да обезбедат место во карантин и да може да си дојдат дома.

    Недостатоците на системот особено дојдоа до израз изминатата недела, кога бремената новозеландска новинарка Шарлот Белис беше блокирана во Авганистан и побара помош од талибанцицте откако властите на Нов Зеланд првично го одбија нејзиното барање да се врати дома за да се породи. По меѓународниот публицитет, властите се повлекоа и ѝ понудија место во карантин, што таа го прифати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира