ОД МАРТ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ 18.000 ДЕНАРИ

    ОД МАРТ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ 18.000 ДЕНАРИДоговорот е постигнат по неколкучасовни преговори меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. (Фото: Влада на РСМ)

    Почнувајќи од март, минималната плата ќе биде зголемена на 18.000 денари, а државата ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот ќе бидат одвоени 16 милиони евра до крајот на годината, договорија вечерва по неколкучасовни преговори синдикатите, работодавачите и Владата. Првата покачена минимална плата работниците ќе ја добијат во април.

    Се менуваат и критериумите за усогласување на минималната плата, односно како критериуми ќе се земат  50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на животните трошоци, а новина е тоа што отсега наместо растот на БДП како критериум ќе биде дека висината на минималната плата нема да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика.

    „Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно“, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира