Ако до 13 часот не дојдат премиерот Димирар Ковачевски и министерот земјоделство Љупчо Николовски на разговор, ние оризопроизводителите кај селото Облешево ќе ги блокираме и двете ленти на магистралниот пат Штип- Кочани, соопшти Одборот за организирање протести и блокади на патот. Една лента од патот е блокирана во 10 часот со стотина трактори, а ако не се оствари разговорот со владиниот врв, велат дека механизацијата после 13 часот ќе биде ставена на двете ленти од патот кој води за Кочани, Делчево и преминот кон Бугарија.
Оризопродизводителите бараат цени на оризовата срча од 40 денари и 60 денари за белиот ориз. Се бара редовна исплата на субвенциите на зелената нафта и продолжување на откупот, затоа што од последната реколта се откупени едвај 25 проценти од родот, а 75 насто скапува во амбарите затоа што, како што беше речено, се форсира увозен ориз.
Кочанските оризари имаат поддршка и од лозарите од Кавадарци, кои исто така најавија блокади наредните денови поради неисполнување на нивните барања.
Т. ЈОВАНОВСКИ