РУСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОБАРА ОД ПУТИН ДА ЈА ПРИЗНАЕ НЕЗАВИСНОСТА НА ОТЦЕПЕНИТЕ ОБЛАСТИ ВО ИСТОЧНА УКРАИНА

    РУСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОБАРА ОД ПУТИН ДА ЈА ПРИЗНАЕ НЕЗАВИСНОСТА НА ОТЦЕПЕНИТЕ ОБЛАСТИ ВО ИСТОЧНА УКРАИНАРусија издала повеќе од 700.000 пасоши за жителите на источна Украина по 2014 (Фото: Гети)

    Долниот дом на рускиот парламент изгласа резолуција со која се бара од Владимир Путин да ја признае независноста на отцепените области во источна Украина. Ако признавањето на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск биде одобрено, тоа би можело дополнително да ја заостри кризата околу Украина и да значи крај за мировниот договор за источна Украина, потпишан во Минск.

    „Киев не го почитува Договорот од Минск. Нашите граѓани и сонародници кои живеат во Донбас ја требаат нашата помош и поддршка“, изјави спикерот на Дума, Вјачеслав Володин.

    Тој кажа дека барањето веднаш ќе биде испратено до Кремљ, чиј портпарол Дмитри Песков реагираше дека Москва останува посветена на Договорот од Минск.

    Русија издала повеќе од 700.000 пасоши за жителите на источна Украина откако сепаратистите освоија тамошни територии во 2014, набргу по руската анексија на Крим.

    Ова следува истиот ден откако Русија објави дека повлекува дел од своите трупи од границата со Украина, додека НАТО порача дека тоа сè уште не значи деескалација.

    „Секогаш сме кажувале дека откако вежбите ќе завршат, трупите ќе се вратат во своите постојани бази. Нема ништо ново тука. Тоа е вообичаен процес“, кажа Песков.

    Украина кажа дека Русија мора да ги повлече сите трупи од границата.

    „Ние имаме едно правило: не веруваме во она што го слушаме, туку во она што го гледаме. Кога ќе видиме целосно повлекување, тогаш ќе веруваме во деескалација“, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира