ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ВЕЛЕШАНКАТА ПАВЛИНКА ИЛОСКА ЗА УБИСТВОТО НА НЕВЕНЧАНИОТ СОПРУГ, СТОРЕНО Е ВО НУЖНА ОДБРАНА

    ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ВЕЛЕШАНКАТА ПАВЛИНКА ИЛОСКА ЗА УБИСТВОТО НА НЕВЕНЧАНИОТ СОПРУГ, СТОРЕНО Е ВО НУЖНА ОДБРАНАОбвинителката Анастасија Миланова најави дека ќе ја обжали пресудата. (Фото: СДК.МК)

    Павлинка Илоска (23) е слободена од обвинението за убиство на миг на нејзиниот невенчан сопруг Александар Ристовски (40), пресуди судијката Габриела Гајдова од Основен суд Велес, која е првостепена. Таа во подолгото образложение кажа дека е убиството е сторен во „нужна одбрана“. Обвинетата е ослободена од куќен притвор.

    „Нужната одбрана е крајно средство за одбивање на нападот, кога нападнатиот на може да се извлече на некој друг начин. Таа при овој напад била доведена во витална загрозеност и барала начин да си го спаси сопствениот живот и се бранела со првиот предмет кој го дофатила. Таа не имала умисла да го убие Александар, туку напротив повикала брза помош, ги следела упатства како да му помогне“, кажа судијката Гајдова.

    Илиоска се товареше дека сторила убиство во миг над Ристовски кое се случило на 29 септември лани. Обвинителката Анастасија Миланова најави дека ќе ја обжали пресудата.

    Павлинка во прв момент, по објавата на пресудата во судницата, радосно го прегрна нејзиниот бранител адвокат Димитар Петрулев.

    Дека покојниот Ристоски како полицаец уживал заштита посочи нејзиниот бранител. Тој упатил прашање како постапила дисциплинската комисија во СВР Велес по правосилноста на пресудата за кривичното дело „изнуда“, кое сега покојниот Ристовски го извршил над сестрата на Павлинка во септември 2016, за да ѝ ја препише куќата.

    „Иако за пресуда за кривично дело со една година затвор условно се одзема службен пиштол, одговорот беше дека во случајот со Ристовски не е постапено и не му е одземен“, кажа во завршниот збор адвокатот Петрулев.

    Еден од соседите посочи во сведочењето дека трипати Ристоски бил телефонски пријавуван на 192 за вознемирување, но ниту еднаш не дошла полиција на терен. Илоска раскажа и зошто не го пријавувала нејзиниот партнер при вршењето на семејно насилство.

    „Тој секогаш ги криеше телефоните, откако ќе ме нападнеше. Во една пригода го најдов и сакав да повикам полиција. Но тој ме откри и кога ги виде бројките 192 го извади службениот пиштол, го впери во мене и ми се закани по живот, дека следен пат ќе ме убие“, кажа Павлинка.

    На информацијата дека при вработувањето Ристовски во МВР како полицаец не ја минал безбедносната проверка од тогашната Управа за безбедност, МВР не одговори на ова поставено прашање.

    Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ја поздрави одлуката на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Илоска од обвинението за убиство во миг и повтори дека очекува одговорност од полицајците кои штителе колега-насилник. Комитетот вели дека водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нивните залагања за промена во обвинението, поради историјата на насилство во овој случај.

    „Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството. Во вчерашното сведочење, Илоска изјави дека до неа стигнале информации оти колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт. Апелираме до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една долгогодишната жртва, која не добила заштита од институциите“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира