НАДОМЕСТОКОТ ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА ЗА ЗДРАВСТВОТО ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ОСУМ ЧАСА ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ

    НАДОМЕСТОКОТ ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА ЗА ЗДРАВСТВОТО ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ОСУМ ЧАСА ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕНадоместокот ќе биде само за осум работни часа, а не за 24, зашто реално не можеме тројно да плаќаме здравствени работници, рече министерот за здравство; - Пунктот за тестирања за ковид антитела во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Додатокот на плата за работа во недела за вработените во здравството нема да се однесува на 24 часа, туку само на осум, рече министерот за здравство Беким Сали. Тој образложи дека е направена мала корекција за здравствената дејност, зашто со постоечките закони здравствен работник за работа во недела треба да биде тројно плаќан.

    „Имаше една нејаснотија во формулацијата на надоместокот за недела, зашто здравствените работници работат и прекувремено и дополнителна работа, имаат и редовната плата. Според нашите фискални анализи што го направивме заедно со Фондот, според новиот Законот и Колективниот договор излегуваше еден здравствен работник да биде тројно платен за тој ден недела. Затоа имаме мала корекција, надоместокот ќе биде само за осум работни часа, а не за 24, зашто реално не можеме тројно да плаќаме здравствени работници“, рече министерот Сали, кој денес го посети пунктот каде се вршат серолошки тестирања за проверка на антитела за ковид на граѓани во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира