РУСКИТЕ ТРУПИ ВЛЕГОА ВО СЕВЕРНИТЕ ОБЛАСТИ НА УКРАИНА, ЗЕЛЕНСКИ ПРОГЛАСИ ВОЕНА СОСТОЈБА

    РУСКИТЕ ТРУПИ ВЛЕГОА ВО СЕВЕРНИТЕ ОБЛАСТИ НА УКРАИНА, ЗЕЛЕНСКИ ПРОГЛАСИ ВОЕНА СОСТОЈБАЖителите на Киев избегаа во подземната железница за време на нападите на Киев (Фото: Гети)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба откако Русија почна воена операција, бомбардирајќи ги градовите низ целата земја. Тој потврди дека има ракетни напади на украинската инфраструктура и на граничните пунктови, додека Русија соопшти дека не ги напаѓа градовите, туку само воената инфраструктура.

    Руски воен конвој ја преминал границата и влегол во северните области Чернихив и Суми, како и во источните региони Доњецк и Луганск, објави украинската гранична служба (ДПСУ), додавајќи дека офанзивата била проследена со артилериски оган. Украинската војска кажа дека соборила пет руски авиони и еден хеликоптер.

    „Ги преземаме сите мерки за да го запреме непријателот“, соопшти ДПСУ.

    Украина ја обвини Русија и дека почнала да ја преместува воената опрема од анектираниот полуостров Крим кон југоистокот на земјата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира