Украина и официјално ги прекина дипломатските односи со Русија, неколку часа откако Владимир Путин објави почеток на руска воена операција.
Претседателот Володимир Зеленски, кој утрово прогласи воена состојба на територијата на целата земја, кажа дека оружје ќе им биде дадено на сите кои сакаат и ги охрабри Украинците да се придружат на одбранбените единици.
Русија утрово почна инвазија од копно, воздух и море, што е најголемиот напад врз една држава во Европа од Втората светска војна, при што руски трупи навлегоа во Украина и од Белорусија и полуостровот Крим. Зеленски ги повика Русите да излезат на улица и протестираат против војната.