ЗА КАКВА ДЕНАЦИФИКАЦИЈА ЗБОРУВА ПУТИН КОГА ФАМИЛИЈАТА МИ ЗАГИНА ВО ХОЛОКАУСТОТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ЗА КАКВА ДЕНАЦИФИКАЦИЈА ЗБОРУВА ПУТИН КОГА ФАМИЛИЈАТА МИ ЗАГИНА ВО ХОЛОКАУСТОТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски директно ѝ се обрати на руската јавноста и тоа на руски (Фото: АФП)

    Владимир Путин утрово ѝ објави војна на Украина со изговор дека сака да ја демилитаризира и денацифицира. Неколку часа порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој има еврејски корени, го упати последниот апел за мир, демантирајќи ги неоснованите обвинувања од Путин дека Украина ја водат нацисти.

    Тој директно ѝ се обрати на руската јавноста, и тоа на руски, неговиот мајчин јазик.

    „Украина во вашите вести и Украина во реалноста се две сосема различни држави и главната разлика помеѓу нив е дека нашата е вистинската. Ви кажуваат дека сме нацисти. Но, како народот кој дал осум милиони животи во борбата против нацизмот може да поддржува нацизам?“, кажа Зеленски.

    Тој во обраќањето не нагласи дека е Евреин.

    „Како јас можам да бидам нацист? Објаснете му го тоа на мојот дедо, кој ја поминал целата војна во пешадијата на советската војска и починал како полковник во независна Украина“.

    Зеленски додаде дека тројца браќа на дедо му биле жртви на Холокаустот. Тој ги повика Русите да ја осудат војната и да ја преиспитаат нејзината цена.

    „За што се борите и против кого? Многумина од вас биле во Украина. Многумина од вас имаат семејство во Украина. Некои од вас студирале на украинските универзитети и имаат пријатели во Украина. Го знаете нашиот карактер, нашиот народ. Слушајте го разумот“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира