НЕ ПРАВИМЕ КОМПРОМИСИ ЗА ЗАШТИТА НА НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ, РЕЧЕ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ

    НЕ ПРАВИМЕ КОМПРОМИСИ ЗА ЗАШТИТА НА НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ, РЕЧЕ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗОваа вежба демонстрираше дека ние сме посилни заедно“ - министерката Петровска и амбасадорката Брнз - (Фото: Министерство за одбрана)

    „Нема да правиме компромиси за основните принципи, кои го вклучуваат правото на секоја земја да го избере својот пат и нашата способност да ги заштитиме и браниме сите сојузници“, изјави американската амбасадорка Кејт Брнз на церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод воената агресија на Русија врз Украина.

    Таа заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска присуствуваше на одбележување на крајот на заедничката обука на припадниците на ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили со морнаричките специјални сили на САД.

    „Оваа вежба, оваа мисија која беше изведена маестрално демонстрираше дека ние навистина сме посилни заедно“, рече амбасадорката Брнз.

    Македонската министерка Петровска остро ја осуди воената агресија на Русија врз Украина. „Стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.  Таа рече дека „нашата јавност треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста“

    Заедничката обука на македонските и американските војници траеше шест недели во касарната „Илинден“, на стрелиштето „Стенковец“ во Скопје и на армискиот полигон „Криволак“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира