ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА НЕУТРАЛНИОТ СТАТУС НА УКРАИНА, КАЖАА ОД КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ

    ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА НЕУТРАЛНИОТ СТАТУС НА УКРАИНА, КАЖАА ОД КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИРусија вели дека целта не ѝ е да ја окупира Украина (Фото: АП)

    Украина сака мир и подготвена е да разговара со Русија за својот неутрален статус во однос на НАТО, изјави советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак.

    „Ако разговорите се можни, би требало да се одржат. Ако Москва вели дека сака да разговара, вклучувајќи и за неутрален статус, можеме и за тоа да разговараме“, изјави Подољак.

    Кремљ одби да ја коментира можноста за разговори помеѓу Путин и Зеленски, но призна дека украинскиот лидер изразил подготвеност земјата да има неутрален статус.

    „Ќе ја анализираме понудата, но нашите очекувања од Киев остануваат непроменети“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека не му верува на Зеленски и додаде дека целта на Русија не е да ја окупира Украина.

    „Русија сака да ја демилитаризира Украина. Ние не ја признаваме актуелната влада во Киев како демократска. Руската влада сака украинскиот народ да биде независен“, кажа Лавров.

    На вториот ден од инвазијата на Украина, Киев се соочува со руска офанзива, а под силен напад се наоѓа и вториот град по големина Харков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира