НАТО РАСПОРЕДИ ЕДИНИЦИ ЗА БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА

    НАТО РАСПОРЕДИ ЕДИНИЦИ ЗА БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ИСТОЧНА ЕВРОПАШефот на НАТО, Јенс Столтенберг, кажа дека во источна Европа ќе бидат распоредени и дополнителни трупи (Фото: АП)

    Генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека НАТО распоредил единици за брза интервенција на копно, море и во воздух во источна Европа. Тој додаде дека таму ќе бидат распоредени и дополнителни трупи по руската инвазија.

    „Никого не треба да го залажуваат лагите на руската влада. Одлуката на Путин да ја нападне Украина беше ужасна стратешка грешка, за која Русија во наредните години ќе плаќа сериозна цена, и економска и политичка“, кажа Столтенберг.

    Тој порача дека светските лидери мора да направат повеќе, дури и ако за тоа мора да се плати цена.

    „Блокот веќе ја засили својата одбрана. САД, Канада и ЕУ веќе распоредија илјадници војници во регионот. Повеќе од 100 борбени авиони оперираат на 30 одбранбени локации во Европа, придружено од над 120 бродови“, кажа Столтенберг.

    Тој нагласи дека ќе бранат секој сантиметар од територијата на НАТО и дека ќе продолжат да ѝ даваат поддршка на Украина, како и на другите три региони на кои Русија им се заканува, Грузија, Молдавија и БиХ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира