Бугарија го затвори својот воздушен простор за руски авиони по руската инвазија на Украина, соопшти бугарското Министерство за транспорт.
„Бугарија воведува забрана за полетување, слетување и надлетување за руските авиони“, се вели во соопштението.
Забраната почна од ноќеска на полноќ.
Претходно, ваква забрана воведоа Чешка, Полска и Велика Британија.