ЗАПАЛЕНИОТ БРОД СО 4.000 ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ ПОТОНА ВО АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН

    ЗАПАЛЕНИОТ БРОД СО 4.000 ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ ПОТОНА ВО АТЛАНТСКИОТ ОКЕАНБродот „Фелисити ејс“ се запали на 16 февруари (Фото: португалска морнарица)

    Товарниот брод што превезуваше илјадници луксузни автомобили потона покрај португалските Азорски Острови, речиси две недели откако се запали. На „Фелисити ејс“ имало речиси 4.000 автомобили на групацијата „Фолксваген“, меѓу кои и „порше“, „бентли“ и „ламборгини“.

    Бродот патувал од Германија за американската сојузна држава Роуд Ајленд кога избувнал пожар на 16 февруари. Сите 22-ца члена на посадата биле на време евакуирани, по што бродот продолжи да плови без контрола по Атлантскиот Океан.

    Жоао Мендеш Кабесас, капетанот на пристаништето на островот Фајал, изјави дека нема информации за истекување на горивото, но се стравува дека резервоарите би можеле да се оштетат на дното на океанот, на длабочина од 3.500 метри.

    „Фолксваген“ соопшти дека штетата на автомобилите е покриена со осигурувањето, кое би можело да изнесува 155 милиони долари. „Бентли“ потврди дека на бродот имало 189 негови возила, а „Порше“ околу 1.100.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира