МОСКВА ОБЈАВИ ДЕКА ДОСЕГА ЗАГИНАЛЕ 498 РУСКИ ВОЈНИЦИ

    МОСКВА ОБЈАВИ ДЕКА ДОСЕГА ЗАГИНАЛЕ 498 РУСКИ ВОЈНИЦИИ Русија и Украина велат дека другата страна има големи загуби

    Руското министерство за одбрана ги објави првите официјални бројки за загубите во досегашниот дел од инвазијата на Украина. Според него, досега загинале 498 руски војници, а 1.597 се повредени.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска кажа дека Русија изгубила речиси 6.000 војници од почетокот на инвазијата пред седум дена.

    Москва истовремено тврди дека загинале повеќе од 2.870 припадници на украинските вооружени сили, а 3.700 се ранети. Киев досега не објави бројки.

    Украинските итни служби денеска кажаа дека се убиени најмалку 2.000 цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира