ЛАВРОВ ГО ПРЕДУПРЕДИ БАЈДЕН ДЕКА ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА БИ БИЛА НУКЛЕАРНА

    ЛАВРОВ ГО ПРЕДУПРЕДИ БАЈДЕН ДЕКА ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА БИ БИЛА НУКЛЕАРНАЛавров ги спореди САД со Наполеон и Хитлер (Фото: АП)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека третата светска војна би била нуклеарна, реагирајќи на забелешката на Џо Бајден дека единствената алтернатива за санкциите за Русија е светска војна.

    „Тоа е само во главите на западните политичари, не и во главите на рускиот народ. Но, ако против нас се води вистинска војна, тогаш оние кои прават такви планови би требало да размислат, а јас мислам дека има такви планови“, изјави Лавров.

    Тој ги повтори обвинувањата дека украинската влада е неонацистички режим и дека банди ги пустошат градовите, вклучувајќи го Мариупол, кој од вчера е изложен на интензивни руски гранатирања.

    „Украинците се обидуваат да ги користат цивилите како жив штит. Луѓето не би требало да гледаат на ова како да е холивудски филм напишан од западните медиуми во кој има ултимативно зло“, кажа Лавров.

    Тој ги спореди САД со Наполеон и Хитлер.

    „Своевремено, Наполеон и Хитлер сакале да ја потчинат Европа, сега Американците го прават тоа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира