УКРАИНА Е МАЧЕНИЧКА ЗЕМЈА, КОНФЛИКТОТ Е ВОЈНА, А НЕ „СПЕЦИЈАЛНА ОПЕРАЦИЈА“, РЕЧЕ ПАПАТА ФРАЊО

    УКРАИНА Е МАЧЕНИЧКА ЗЕМЈА, КОНФЛИКТОТ Е ВОЈНА, А НЕ „СПЕЦИЈАЛНА ОПЕРАЦИЈА“, РЕЧЕ ПАПАТА ФРАЊОЦивили бегаат од градот Ирпин близу Киев по бомбардирањата од руските сили. (Фото: АП)

    Папата Фрањо рече дека конфликтот во Украина „не е воена операција, туку војна“, и ја нарече Украина „маченичка земја“ каде што „течат реки од солзи и крв“.

    „Во Украина течат реки од крв и солзи. Ова не е само воена операција, туку војна која сее смрт, уништување и беда“, рече тој во својот традиционален неделен благослов.

    Неговите коментари се укор за официјалниот руски наратив што го турка Кремљ, кој инсистира на тоа дека руската воена инвазија на Украина е „специјална воена операција“ започната за „демилитаризација“ на Украина.

    Папата рече и дека испратил двајца кардинали во Украина, што е многу необичен потег. Toj рече дека „Светата столица е подготвена да стори сé за да се стави во служба за мирот“. Кардиналот Конрад Крајевски е испратен со помош, заедно со кардиналот Мајкл Черни, кој е шеф на папската канцеларија што се занимава со миграција, добротворни цели, правда и мир.

    Минатата недела Папата апелираше за прекин на војната, повикувајќи да се отворат хуманитарни коридори за да се овозможи бегство на цивилите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира