ДА ПРЕСТАНЕ ДИВАТА СЕЧА НА ОГРЕВНИ ДРВА НА БЕЛАСИЦА ОТИ ЌЕ ИМА СВЛЕЧИШТА, АЛАРМИРААТ ЖИТЕЛИТЕ НА ПОДБЕЛАСИЧКИТЕ СЕЛА

    ДА ПРЕСТАНЕ ДИВАТА СЕЧА НА ОГРЕВНИ ДРВА НА БЕЛАСИЦА ОТИ ЌЕ ИМА СВЛЕЧИШТА, АЛАРМИРААТ ЖИТЕЛИТЕ НА ПОДБЕЛАСИЧКИТЕ СЕЛАСоголувањето на планината ќе предизвика свлечишта, а се загрозуваат и изворите со питка вода, рекоа жителите од Колешино, Бориево, Мокриево, Мокрино. (Фото: СДК.МК)

    Итно да престане неконтролираната сеча на дрва од планината Беласица, побараа младите од подбеласичките населени места кои излегоа на протест во Колешино за да изразат револт за уништувањето на шумскиот фонд и слабата реакција ннституциите за решавање на овој проблем. Според нив, секојдневно од Беласица се симнуваат огревни дрва што е недозволиво, бидејќи се загрозува безбедноста на селата. Соголувањето на планината ќе предизвика свлечишта, а се загрозуваат и изворите со питка вода.

    Имаме револт за уништувањето на планината Беласица која ни е извор на живот за нашите села. Целта ни е да ги разбудиме институциите за побрзо да реагираат. Безбедноста ни е загрозена оти имаме ризик од свлечишта, зашто дрвја на големо се сечат над нашето село, а изворите за вода ни се загрозени. Сведоци сме дека секој ден има помалку вода“, кажа на протестот „Ја штитам Беласица“ организиран од младите од Колешино, Бориево, Мокриево, Мокрино на кој се приклчија и повозрасни луѓе и еко активисти.

    Тие сметаат дека е апсурдно тоа што се случува со шумскиот фонд на Беласица, која треба да биде заштитено подрачје или национален парк поради богатата флора и фауна.

    „И додека низ светот се протестира за заштита на одредени ендемски и ретки видови животни или растенија, ние мора овде да протестираме за да нема сеча на дрвјата. Застануваме зад младите и оваа иницијатива“, кажата на протестот.

    Од ЈП „Македонски шуми“ тврдат дека сечата на огревни дрва на планината Беласица се прави согласно веќе утврдените планови за сеча и работа и не се отстапува од нив. Најголем проблем се дрвокрадците, кои поради зголемувањето на цената на огревното дрво се почесто вршат нелегална сеча. Од „Македонски шуми“ најавија дека ќе ги зачестат контролите.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира