ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДА АПЛИКАЦИИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА, ГРУЗИЈА И МОЛДАВИЈА

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДА АПЛИКАЦИИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА, ГРУЗИЈА И МОЛДАВИЈАЗа да се подготви мислењето од Комисијата за секоја апликација може да трае до 18 месеци. (Фото: Гети)

    Европската комисија ќе ги разгледува апликациите за членство во ЕУ од Украина, Грузија и Молдавија. Одлуката за разгледување на апликациите, донесена од амбасадорите на ЕУ, треба да биде потпишана од Европскиот совет – но тоа се опишува како процедурална формалност.

    Постојаните претставници на земјите-членки на денешниот состанок разговараа за апликациите, примени во текот на минатата недела,  и се согласија да ја поканат Комисијата да презентира мислење за секоја од нив.

    Сепак, ова може да потрае – за да се подготви мислењето од Комисијата може да трае до 18 месеци. И ако е успешен, процесот за пристапување во ЕУ обично трае со години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира