УКРАИНА ИМА МАЛИ ОЧЕКУВАЊА ОД СРЕДБАТА СО ЛАВРОВ ВО АНТАЛИЈА, ЕРДОГАН СЕ НАДЕВА НА ТРАЈНО ПРИМИРЈЕ

    УКРАИНА ИМА МАЛИ ОЧЕКУВАЊА ОД СРЕДБАТА СО ЛАВРОВ ВО АНТАЛИЈА, ЕРДОГАН СЕ НАДЕВА НА ТРАЈНО ПРИМИРЈЕСредбата следува ден по рускиот воздушен напад на детска болница и породилиште во Мариупол (Фото: АП)

    Турција денеска ќе биде домаќин на највисокиот состанок помеѓу Русија и Украина од почетокот на руската инвазија, која денеска влезе во третата недела, додека продолжуваат бомбардирањата на цивилните цели и жестоките борби. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров во Анталија, но признава дека очекувањата се ограниечени, додека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се надева дека „ќе се отворат врати за трајно примирје“.

    Средбата следува ден по рускиот воздушен напад на детска болница и породилиште во Мариупол, во кој биле повредени 17 лица. Нападот беше осуден од целиот свет, а Украина ја обвини Русија за воено злосторство, додека руската страна тврди дека болницата била претворена во воен објект.

    „Да бидам искрен, моите очекувања од овие разговори се многу мали. Ние бараме моментален прекин на непријателствата помеѓу Русија и Украина“, изјави Кулеба.

    Украинската војска утрово кажа дека напредувањето на руските сили во делови од земјата е забавено, вклучувајќи и кон Киев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира