ВОЕН ДРОН СЕ УРНА ВО ЗАГРЕБ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ Е РУСКИ ИЛИ УКРАИНСКИ

    ВОЕН ДРОН СЕ УРНА ВО ЗАГРЕБ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ Е РУСКИ ИЛИ УКРАИНСКИДронот влегол во хрватскиот воздушен простор од правецот на Унгарија (Фото: Пиксел)

    Беспилотно летало синоќа пред полноќ се урна на подрачјето на Загреб, оставајќи кратер длабок еден и широк три метри на местото на ударот. Хрватската влада соопшти дека воениот дрон влегол во хрватскиот воздушен простор од правецот на Унгарија, летајќи со брзина од 700 километри на час, на височина од 1.300 метри.

    „Леталото е од руско производство, но не е познато дали е сопственост на руската или на украинската војска“, кажа премиерот Андреј Пленковиќ.

    Во околината на местото на падот се пронајдени и два падобрана. Во инцидентот, за кој властите засега немаат објаснување, нема повредени, но оштетени се неколку паркирани автомобили.

    „Знаеме дека леталото дошло во Хрватска од Унгарија, а таму од Романија. Знаеме дека летало неколку минути над Хрватска пред да се урне во Загреб. Добро е што нема повредени и падна таму каде што нема куќи или згради. Ја контактиравме украинската страна да видиме дали тие имаат некакви информации“, кажа Пленковиќ.

    Според хрватските медиуми, станува збор за советски извиднички дрон од типот „Ту-141“, што се користел во 1970-ите и 1980-ите, а подоцна го имало и во составот на украинската војска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира