ВО КИНА РЕГИСТРИРАНИ РЕЧИСИ 3.400 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД, НАЈМНОГУ ВО ДВЕ ГОДИНИ

    ВО КИНА РЕГИСТРИРАНИ РЕЧИСИ 3.400 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД, НАЈМНОГУ ВО ДВЕ ГОДИНИКина, каде што коронавирусот беше првично детектиран на крајот од 2019 година, спроведуваше строга политика на нула ковид. (Фото: Блумберг)

    Кина регистрираше речиси 3,400 нови случаи на ковид-19 денеска, двојно повеќе од претходниот ден, што предизвика ставање во карантин на милиони луѓе во обид да се запре новото ширење на коронавирусот, најголемо во две години.

    Зголемениот број на нови случаи ги натера властите да ги затворат училиштата во Шангај, како и да стават во карантин неколку градови на североистокот од земјата. Во 19 кинески провинции се регистрирани кластери на соевите Омикрон и Делта.

    Градот Џилин е делумно во карантин, со затворени стотици квартови, додека Јанџи, град со 700 илјади жители близу Северна Кореја е целосно затворен.

    Кина, каде што коронавирусот беше првично детектиран на крајот од 2019 година, досега спроведуваше строга политика на нула ковид. Но, растот на нови случаи изминатите денови, најмногу предизвикан од високозаразниот сој Омикрон, ја става на тест оваа политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира