ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ОТКАКО ЈА АНГАЖИРАШЕ ЖЕНА МУ ДУНАВКА ДА МУ ПОМАГА ВО ИНСТИТУЦИЈА КАДЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ОТКАКО ЈА АНГАЖИРАШЕ ЖЕНА МУ ДУНАВКА ДА МУ ПОМАГА ВО ИНСТИТУЦИЈА КАДЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛДунавка работела во институцијата волонтерски за нула денари, но одела со Цветанов на службени патувања. (Фото: Фејсбук)

    Владата го разреши Ване Цветанов од функцијата претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата. Од Владата потврдуваат дека на денешната седница седница е донесена одлука Цветанов да биде разрешен од функцијата која ја врши речиси три години.

    Цветанов е разрешен бидејќи, како што објави на 9 март САКАМДАКАЖАМ.МК, ја ангажирал жена му Дунавка Трифуновска да му помога во институцијата со која раководи. Исто така, Цветанов со себе ја водел Дунавка, која е поранешна мис на Македонија, и на службени патувања во земјава и странство.

    Цветанов на 9 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека е вистина оти Дунавка доаѓа во институцијата и му помага, но за тоа не зема ниту денар државни пари односно има договор за нула денари.

    „Нормално дека жена ми ќе дојде да ми помогне во работењето кога гледа дома колку работа имам, а немам доволно вработени. Министерството за финансии не ми одобрува вработувања, а пред две години една вработена замина во пензија, лани во март и сметководителка ја напушти институцијата. И покрај тоа што законски ми следуваат вработувања и имаме пари, министерот за финасии не ми одобрува вработувања. Затоа Дунавка ми помага, а за тоа не добива ниту денар и немам зошто тоа да го кријам“, изјави Цветанов.

    За него не е спорно ниту тоа што таа како неговата црковна сопруга таа патувала со него на службени патувања. Вели дека државата нејзе ѝ должи, бидејќи голем дел од успесите на институцијата се нејзина заслуга.

    Цветанов на фунцијата беше назначен во 2019, односно од Владата на експремиерот Зоран Заев.

    Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Цветанов беше директор на на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Тој беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“, во октомври 2014. Беше осуден на 3 години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 казната му ја намали на условна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира