Рускиот претседател Владимир Путин утринава имаше телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти Кремљ. Во разговорот, според соопштението од кабинетот на рускиот претседател, Путин му се пожалил на Шолц дека Украина излегувала со сè понереалистични предлози во преговорите.
„Владимир Путин исто така ги нагласи своите проценки за курсот на актуелниот преговори во видеоформат меѓу руските и украинските претставници. Беше забележано дека режимот во Киев се обидува на секој можен начин да го одложи преговарачкиот процес, излегувајќи со сè понереалистични предлози. Како и да е, руската страна е подготвена да продолжи со барањето решенија во линија со своите добропознат пристап“, се вели во соопштението од Кремљ.
Путин му тврдел на Шолц дека руската армија прави сè што е можно да ги спаси животите на цивилите и дека организира безбедни коридори за населението да замине од градовите во борбените зони.
Денеска е 23. ден од руската инвазија на Украина. Поради недискриминирачкото бомбардирање на руската војска, над три милиони Украинци се бегалци надвор од својата држава.