ЖИТЕЛИТЕ ОД ЗГРАДИТЕ СПРОТИ ГИМНАЗИЈАТА ВО ВЕЛЕС БАРААТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ДА ГИ ТРГНЕ КАФЕАНСКИТЕ ТЕРАСИ ОД ЈАВНАТА ПОВРШИНА

    ЖИТЕЛИТЕ ОД ЗГРАДИТЕ СПРОТИ ГИМНАЗИЈАТА ВО ВЕЛЕС БАРААТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ДА ГИ ТРГНЕ КАФЕАНСКИТЕ ТЕРАСИ ОД ЈАВНАТА ПОВРШИНАНема простор каде децата да си играат, да поминат мајки со колички за бебиња, се` се издаде за летни тераси, се загради и узурпира, велат жителите. (Фото: СДК.МК)

    Жителите во комплексот спроти гимназијата во Велес повторно побараа да се тргне урбаната опрема од кафетериите поставена пред локалите. Ова го бараат од секој нов градоначалник за, како што велат, да се стави крај на узурпацијата на јавниот простор и да им се врати на станарите.

    „Нема простор каде децата да си играат, да поминат мајки со колички за бебиња. Се` се издаде за летни тераси, се загради и узурпира. За сите нив има место, на штета на станарите. Со секој нов мандат на градоначалникот сме полни со ентузијазам дека нешто ќе се смени и ќе помисли на нас жителите од овие згради“, велат станарите, кои за овој пробелм биле и кај градоначалникот Марко Колев.

    „Како локална власт бараме да се почитуваат одобрените елаборати, колку маси може да се постават. Не сите угостители го почитуваат. До 16 часот е една состојба, до 20 часот е друга, а потоа е трета. Ќе се состанеме, доаѓа пролет, и ќе побарам елаборатите да се почитуваат. Ако не, како локална власт имаме механизми, тоа им го кажав и на инспекциите. Не планирам да премолчувам ако немаат елаборати, ако сопствениците на кафетериите не ги почитуваат“, кажа градоначалникот Колев.

    За разлика и претходните години, во оваа реакција на станарите од зградите спроти гимназијата кои живеат над угостителските објекти, нема реакција за гласноста од музиката.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира