РУСИЈА ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА, ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ЦИВИЛНИ ЖРТВИ ВО УКРАИНА, ПРЕДУПРЕДИ БРИТАНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

    РУСИЈА ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА, ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ЦИВИЛНИ ЖРТВИ ВО УКРАИНА, ПРЕДУПРЕДИ БРИТАНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНАРусија ќе оди со неселективна употреба на огнена моќ што резултира со зголемени цивилни жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза. (Фото: АП)

    Британското Министерството за одбрана денеска предупреди дека промената на руската тактика може да резултира со повеќе цивилни жртви во Украина.

    „Кремљ досега не ги постигна своите првични цели“, објави Министерството на Твитер, додавајќи дека Русија била „изненадена од обемот и жестокоста на украинскиот отпор“.

    „Русија беше принудена да го промени својот оперативен пристап и сега спроведува стратегија на исцрпување. Ова најверојатно ќе вклучува неселективна употреба на огнена моќ што резултира со зголемени цивилни жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза“, се вели во извештајот.

    ОН вчера објави дека за 3 недели на руската агресија, над 6,5 милиони лица се внатрешно раселени во Украина, а над 3,2 милиони се бегалци во странство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира