Фудбалските репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски добија дипломатски пасоши. Тие денеска во Министерството за надворешни работи се сликаа за пасошите по големиот успех и победата над Италија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.
„Денеска во МНР на Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе им бидат врачени дипломатски пасоши. Тие сега се наши најважни амбасадори и заслужуваат дипломатски пасош. Се надевам ќе продолжат да нè радуваат и во натпреварот со Португалија“, кажа министерот Бујар Османи.
Македонската фудбалска репрезентација во првиот натпревар oд баражот за пласман на Светското првенство со 1:0 во Палермо ја совлада Италија. Во вторник нашите репрезентативци играат со Португалија во Порто и победникот ќе биде учесник на муднијалот во Катар кој ќе се одржи во декември годинава.
А. АНТЕВСКА