ЈП “Комунална хигиена“ во текот на пролетната акција за чистење ќе постави садови за кабаст отпад во сите скопски општини. Од претпријатието апелираат да не се фрла мебелот и покуќнината кај било, туку жителите да се информираат кога акцијата ќе се спроведе во нивната општина.
„Во текот на мината недела, акцијата за пролетно чистење беше во Општина Кисела Вода и таму поставиме садови за кабаст отпад на 4 локации. Ги замолувам граѓаните масовно да го одлагаат кабастиот отпад во садовите кои ги поставуваме“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Зухди Енус.
Од утре ќе се чисти територијата на Општина Карпош, а како што соопшти Општината, контејнери за кабаст отпад ќе се постават во населбата Тафталиџе 2 на улица Женевска во близина на автобуската постојка на последна 24-ка, во Козле на улица Јуриј Гагарин кај ресторанот Македонска куќа, во Долно Нерези на улица Ванчо Мицков и во Влае зад Порта Влае.
А. АНТЕВСКА