МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ГИ ПРИЗНА БОМБИТЕ ЗА УРИВАЊЕТО НА КОСМОС, ВО КОИ ГРУЕВСКИ ЗАОЃА ОД СМЕА ДЕКА НА ФИЈАТ ОД СТРАВ МУ ТЕЧЕ ПО ПАНТАЛОНИ

    МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ГИ ПРИЗНА БОМБИТЕ ЗА УРИВАЊЕТО НА КОСМОС, ВО КОИ ГРУЕВСКИ ЗАОЃА ОД СМЕА ДЕКА НА ФИЈАТ ОД СТРАВ МУ ТЕЧЕ ПО ПАНТАЛОНИНа денешното судско рочиште, на кое обвинетите даваат одбрана, Јанакиески не призна вина, но кажа дека разговорите се автентични. (Фото: СДК.МК)

    Второобвинетиот Миле Јанакиески на судењето за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, поради политичка одмазда по налог на тогашниот премиер Никола Груевски, ги призна објавените разговори, познати во јавноста како едни од најгрозните и најнечовечни од сите „бомби“.

    На денешното судско рочиште, на кое обвинетите даваат одбрана, Јанакиески не призна вина, но кажа дека разговорите се автентични. Првообвинетиот Груевски, кој им наредил на Јанакиески и на тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски да не го тупат и да го урнат „Космос“ со динамит е во бегство во Унгарија.

    Толку уживал Груевски со заканите, што пред Јанакиески се гази од смеење како наводно на Цановски му течело по панталони од страв дека ќе лета во воздух неговата инвестиција од 50 милиони евра.

    НГ: Он (Фијат Цаноски н.з.) сакаше сега средба да прави со Велија. Ја му реков ќе размислам за тоа. Мислам дека сега Велија реда-ради сака да направи средба. И нејќам да ми рачуна дека заради Велија се завршила работата. Нека си го рачуна од нас, еве завршено.

    МЈ: Услуга. Добро, добро излезе овака.

    НГ: Добро излезе. Значи, не да е посран, му тече и низ панталони.

    МЈ: Добро е што знае дека, дека не смее да се зафркава.

    НГ: Не смее и не може како сирење да не решета, знаеш. Ај овие кој ги ебе, ама ја ќе си најдам поединци, и на ваков или онаков начин ќе си ја завршам работата. Да види дека сме компактна целина.

    МЈ: Така да.

    НГ: И дека кога ќе ја нападне целината, поединците знаат да се повлечат два чекора назад и да му речат стоп. А ништо не му бараме.

    МЈ: Да де да.

    НГ: Ништо не му бараме. Само за ова, за Парламент ми се правдаше, молим те да не доаѓам, молим те не можам да издржам тоа. Хахаха.

    МЈ: Хахаха.

    НГ: Молим те у бизнис сум, не знам главата кај ми е. Еве следните избори нема, еве ако сакаш следните избори да ти потпишам кај сакаш нема да се кандидирам, на друг ќе ја дадам партијата, на кој сакаш…хахахахахахаха…Дај ако треба да потпишам негде, ама мртов озбилен. Хахахахаха

    НГ: Миле ми текна абе и ГУП да му смениме?

    МЈ: Во ГУП-от сега?

    НГ: Да. Парк, зеленило. Ај!

    МЈ: Ок.

    НГ: После и у ДУП-от да му стои по старо не може да му издаде дозвола. Така?

    МЈ: Да, а и подолга е процедурата, и да се смени…не знам, некогаш… подолга процедура е за ГУП.

    НГ: Да. Види тоа и ДУП-от и ГУП-от.

    МЈ: Важи.

    НГ: Ајде.

    Ова се само дел од тие разговори околу одмаздничкото уривање на „Космос“, во останатите Груевски бара експлозив за да не го тупат, како што вели, или метална топка што ја имало на запад која кога ќе удрела, пола зграда паѓа. Во тие бомби кои се јавно објавени, се гледа и вмешаноста на Тони Трајковски, неговата улога во незаконското уривање на објектот, како и таа на останатите обвинети од општината.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира