Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во петокот доставило ново барање до Кривичниот суд, за добивање на судска наредба за претрес во еден телекомуникациски оператор, јави агенцијата Мета повикувајќи се на Телевизијата „24 Вести“.
Новото барање за претрес во операторот кој одбива да ги даде и останатите податоци за масовното прислушување, а кои се предмет на новиот случај „Таргет”, доаѓа откако судот во четвртокот поради недостиг на информации го отфрли претходното барање на СЈО.
Специјалното обвинителство вчера ги комплетирало сите податоци од барањето, како што се адресата на телекомуникацискиот оператор, одделот и вид на опрема која му е потребна и во петокот повторно поднело барање.
СЈО не го именува операторот кој не соработува со истрагата.
Кривичниот суд во рок од 24 часа треба да одговори на барањето на СЈО.