Новинарот Владимир Богоев, еден од основачите и долгогодишен уредник на весникот „Дневник“, почина на 61 година, соопшти на социјалните мрежи неговиот син, поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев.
Роден во Скопје, Богоев е дипломец на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Професионалниот новинарски ангажман го почна во „Вечер“ во 1988, каде остана до основањето на „Дневник“ во 1996, весникот во кој прво беше уредник, а потоа и помошник-главен уредник. Откако гермАнскиот медиумски концерн „Вест дојче алгемајне цајтунг“ (ВАЦ) ги купи весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ и се формира „Медиа принт Македонија“, Богоев беше дел од менаџерскиот тим.
Богоев ќе биде погребан утре во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата „Света Троица“.