„Пивара Скопје“ ја започна својата нова кампања „Отвори Скопско за…“.
Видеото за кампањата го режираше Марија Апчевска, а музиката е на Ристо Вртев, во нов аранжман на Новоградска.
Целта на кампањата е да ги инспирира луѓето да погледнат околу себе и да ги препознаат и слават убавите моменти што ги создаваме заедно.
„Без разлика на предизвиците со кои се соочивме и промените кои се неминовни, она што останува секогаш исто е убавината на моментите кои ги споделуваме со луѓето кои ни значат, преку кои продолжуваме да го славиме животот и сфаќаме дека е потребно малку за да биде убаво“, велат од „Пивара Скопје“ и додаваат:
„А, Скопско е неизбежен дел од овие моменти и токму поради ова, отворено Скопско за секој од нас е симбол на заедништво, солидарност и верба во подобро утре“, велат од компанијата.