САМО ВО АПРИЛ СЕ УБИЕНИ РЕЧИСИ 100 ДЕЦА ВО УКРАИНА, ВЕЛИ УНИЦЕФ И ПОБАРА ДА ПРЕСТАНЕ БОМБАРДИРАЊЕТО НА УЧИЛИШТА

    САМО ВО АПРИЛ СЕ УБИЕНИ РЕЧИСИ 100 ДЕЦА ВО УКРАИНА, ВЕЛИ УНИЦЕФ И ПОБАРА ДА ПРЕСТАНЕ БОМБАРДИРАЊЕТО НА УЧИЛИШТАУчилиште во Житомир уништено во руски воздушен напад на 4 март. (Фото: Твитер)

    Речиси 100 деца се убиени во Украина само во месец април, иако вистинската бројка може да биде значително поголема, соопшти Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ). Заменикот извршен директор на УНИЦЕФ, Омар Абди, зборуваше денеска пред Советот за безбедност на ОН и предупреди дека војната Украина предизвикува криза со заштита на децата и детските права.

    Само изминатиот месец, ОН верификуваше речиси 100 убиени деца и веруваат дека вистинската бројка е доста поголема. Голем број на деца се повредени и се соочуваат со тешки повреди на нивните права, а милиони се раселени како бегалци.

    Абди побара да се стави крај на бомбардирањето на украински училишта, додавајќи дека секое шесто училиште во источна Украина поддржано од УНИЦЕФ е оштетено или уништено.

    „Стотици училишта ширум земјата се погодени од тешка артилерија, воздушни удари и други експлозивни оружја во населените места“, кажа Абди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира