Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ги известил своите сојузници дека ќе каже „не“ за приемот на Шведска и Финска во НАТО.
„Посветено ќе продолжиме со нашата политика. Им рековме на нашите сојузници дека ќе ќажеме ‘не‘ за членството на Шведска и Финска во НАТО“, изјави Ердоган.
Тој додаде дека двете скандинавски држави им даваат засолниште на терористи и ги финансираат и снабдуваат со оружје.
Анкара вели дека Шведска и Финска поддржуваат луѓе кои се поврзуваат со Курдската работничка партија, курдската милиција во Сирија и со Фетулах Ѓулен, кои таа ги квалификува како терористи.
„НАТО е безбедносна алијанса и не можеме да прифатиме терористи да бидат во неа“, кажа Ердоган.