Дел од вработените во Управата за водење матични книги, кои штрајкуваат речиси месец дена, денеска се пожалија дека наишле на арогантен однос од институциите.
„Во ваква ситуација досега не сме се нашле, ваков однос арогантен од страна на владата и од институциите не очекувавме“, се пожалија од Независниот синдикат на Управата за водење матични книги.
Тие велат дека подолг период бараат средба, но таа никако да се случи и најавија дека в среда ќе го блокираат Министерството за финансии, од кое бараат повисоки плати.
„Доколку и таму во среда немаме средба, ќе ја радикализираме состојбата“, велат од Независниот синдикат.
- ГО УБЕДУВАЛЕ СИНОТ ДЕКА ПОЧИНАТИОТ ТАТКО БИЛ ВОНБРАЧНО ДЕТЕ, ОТКАКО ВО УМРЕНИЦАТА МУ ГО ЗГРЕШИЛЕ ПРЕЗИМЕТО
- МЕСТО ОД ТЕТОВО, ИМ ДОШЛЕ МАТИЧАРИ ОД БРВЕНИЦА, КОИ ПОБАРАЛЕ ПАРИ ЗА ТАКСИ, ПА ИМ ЈА УТНАЛЕ ВЕНЧАНИЦАТА
- ЈАС СУМ ТИ ТЕБЕ ШЕФ, ОДГОВАРААТ ВРАБОТЕНИ ВО УПРАВАТА ЗА МАТИЧНИ КНИГИ НА СТРАНКИ АКО ПРАШААТ ЗОШТО НИКОЈ НЕ НОСИ МАСКА
- БЕБЕ ОСТАНА БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ 2 ГОДИНИ ОТИ МАТИЧНАТА СЛУЖБА ЈА ЗГРЕШИЛА ВЕНЧАНИЦАТА НА РОДИТЕЛИТЕ
Во Управата за водење матични книги се околу 500 вработени, а според Независниот синдкат штрајкуваат 70 отсто од нив.
Од почетокот на штрајкот, синдикатот се договори со Министерството за правда за колективниот договор, а од Министерство за финансии бараат 30 отсто покачување на платата.
Поради штрајкот на Управата за водење матични книги, граѓаните не можат да вадат изводи од книгата на родени, венчани и умрени.