ВО ШТИП ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НОВА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО ДОЛЖИНА ОД 7 КИЛОМЕТРИ

    ВО ШТИП ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НОВА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО ДОЛЖИНА ОД 7 КИЛОМЕТРИНовата патека  ќе ја заобиколува тврдината Исар и ќе чини 10 милиони денари.(Фото: СДК.МК)

    Општина Штип почна да гради велосипедска патека која ќе се протега покрај реката Брегалница и веќе постојната пешачка патека од штипско Ново село до населбата Балканска. Патеката ќе биде во должина од 7 километри.

    „Половина од патеката веќе е трасирана. Сега во тек е тампонирањето по што ќе уследи поплочувањето. Првата фаза треба да заврши до крајот на месец мај, а подоцна во втoрата ќе се трасира останатиот дел од патеката“, велат од фирмата изведувач.

    Новата патека  ќе ја заобиколува тврдината Исар и ќе чини 10 милиони денари.

    „Велосипедската патека беше желба на голем број штипјани кои досега за возење на своите велосипеди ја користеа пешачката патека која се изгради пред 7 години и стана рекреативна атракција. Но, за да има повеќе простор и поголема безбедност на пешаците решивме да изградиме велосипедска патека, паралелно со веќе постојната пешачка патека“, вели градоначалникот Иван Јорданов.

    Тој додава дека во наредниот период напоредно со изградбата на велосипедската патека ќе се обноват и останатите рекративни содржини како што се справите за вежбање, оштетените канделабри и клупите за одмор што се поставени на растојание од стотина метри.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира