ЃОКОВИЌ ЌЕ ИГРА НА ВИМБЛДОН И ЈА ПОДДРЖА ОДЛУКАТА ДА НЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ ПОЕНИ

    ЃОКОВИЌ ЌЕ ИГРА НА ВИМБЛДОН И ЈА ПОДДРЖА ОДЛУКАТА ДА НЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ ПОЕНИЃоковиќ ќе изгуби 2.000 поени поради одлуката на АТП (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ кажа дека планира да ја брани титулата на Вимблдон и ја поддржа одлуката на АТП да не се доделуваат рејтинг поени, иако тој ќе биде најголемиот губитник во таа ситуација.

    Машката и женската тениска асоцијација одлучија да го казнат Вимблдон зашто го забрани настапот на руските и белоруските тенисери и тенисерки поради инвазијата на Украина, па најпрестижниот тениски настан ќе биде сведен на егзибициски турнир. Ѓоковиќ изјави дека суспензијата на Русија и Белорусија е грешка и додаде дека организаторите на турнирот многу лошо ја извеле целата работа.

    Имаше простор за компромис, но место тоа, добивме ситуација во која сите губат“, кажа Ѓоковиќ.

    Како бранител на титулата, светскиот рекет број еден ќе изгуби 2.000 поени поради одлуката на АТП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира