ВМРО-ДПМНЕ СО ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМИ РАСХОДИ ОД ПРИХОДИ ВО КАМПАЊАТА, ПОКАЖА ИЗВЕШТАЈОТ ОБЈАВЕН ОД ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ВМРО-ДПМНЕ СО ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМИ РАСХОДИ ОД ПРИХОДИ ВО КАМПАЊАТА, ПОКАЖА ИЗВЕШТАЈОТ ОБЈАВЕН ОД ДИК

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ имала приходи од  7.431.579 денари, додека вкупните расходи ѝ се шест пати поголеми и изнесуваат вкупно 43.961.384 денари, односно партијата има непокриени расходи од вкупно 36.626.805 денари во предизборната кампања, покажа финанискиот извештај што го доставила партијата до Државната изборна комисија, јави агенцијата „Мета“.

    ДИК ги објави финансиските извештаи на политичките партии од почетокот на изборната кампања до 30 ноември, кои партиите, според предвидениот рок, вчера ги доставија до ДИК, Државниот ревизор и до Државната комисија за спречување на корпуција (ДКСК).

    Владејачката партија, според извештајот, пријавила дека сите приходи ѝ се од донации, а сумата на приходи од други извори изесува нула денари.

    Опозициската СДСМ со коалиционите партии пријавила вкупни приходи од 32.922.717 денари. Од нив 9.581.017 денари биле од донации, а 23.341.700 од други извори на финансирање, односно од членарина.

    Вкупните расходи, според извештајот на СДСМ, изнесуваат 19.683.894 денари. Според извештајот, СДСМ е во позитива од 13.238.823 денари, односно опозициската партија потрошила помалку пари од тие што ги собрала како приходи од донации и од други извори на финансирање.

    Владејачката ДУИ, пак, во извештајот навела дека има вкупен приход од донации во износ од 6.880.750 денари и 1 милион денари останати приходи. Вкупните расходи на ДУИ изнесуваат 5.336.095, односно партијата има позитивна разлика меѓу приходите и расходите од 2.544.655 денари.

    ДПА од донации пријавила вкупно 602.000 денари, а од други извори не пријавила приходи. Вкупните расходи на ДПА, според нивниот извештај, изнесуваат 433.840 денари, а разликата во приходите и во расходите изнесува позитивни 168.161 денари.

    Коалиција за промени и правда – Трет блок пријавила вкупни приходи од 1.448.300 денари, а вкупни расходи од 1.559.635 денари, односно оваа коалиција има непокриени расходи од 111.335 денари.

    Либералната партија имала вкупни приходи од 436.000 денари, а вкупни расходи од 477.811 денари, што значи дека партијата има непокриени расходи од 41.811 денари.

    Беса пријавила вкупни приходи од 4.153.750 денари, а имала расходи од 4.725.217 денари, што е негативно салдо од 571.467 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира