ТУРЦИЈА ЌЕ ГО ПОДАРИ ДРОНОТ ЗА КОЈ ЛИТВАНЦИТЕ СОБРАА ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА СО ЦЕЛ ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА УКРАИНА

    ТУРЦИЈА ЌЕ ГО ПОДАРИ ДРОНОТ ЗА КОЈ ЛИТВАНЦИТЕ СОБРАА ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА СО ЦЕЛ ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА УКРАИНАУкраина изведуваше успешни акции со турскиот дрон „бајрактар“ во досегашниот дел од војната (Фото: Министерство за одбрана на Турција)

    Турција ќе ѝ подари борбен дрон на Литванија што потоа ќе биде предаден на Украина, откако Литванците донираа над пет милиони евра за да се купи едно вакво летало за украинската војска.

    Турција и компанијата ‘Бајкар‘ одлучија да ѝ подарат на Литванија борбен дрон ‘бајрактар ТБ2‘ сосе целата оптика и неопходни работи“, изјави Андриус Тапинас, новинарот кој ја покрена кампањата за собирање средства.

    Минатата недела, литванските граѓани собраа повеќе од пет милиони евра за само три и пол дена. Според Тапинас, литванското министерство за одбрана ќе добие 1,5 милиони евра за целосно да го опреми дронот, а останатите 4,4 милиони ќе бидат искористени за хуманитарна, логистичка и инфраструктурна помош за Украина, на барање на Турција.

    Турција е импресионирана од посветеноста на литванскиот народ да ѝ помогне на Украина, но и од фактот дека за ‘бајрактар‘ се слушна низ цел свет за кратко време“, кажа Тапинас, додавајќи дека Турција ќе го испорача дронот најбрзо што може.

    Украина купи повеќе од 20 вакви дронови во изминатите години и нарача уште 16 на крајот на јануари и со нив изведуваше изненадувачки добри акции во досегашниот дел од војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира