Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ вечерва во Скопје го одржа централниот митинг од кампањата за изборите на 11 декември. На митингот пред Владата, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред собраните поддржувачи се обратија останатите носители од шесте изборни единици, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Љупчо Николовски, Петре Шилегов, како и Павле Богоевски и Никола Димитров.
„Ова не е обична изборна кампања, Овие избори не се за ВМРО или за СДСМ, овие избори се за вас за вашите деца, внуци. Ова „или-или“ не е обично, тоа значи пропаст или живот“, порача Заев од говорницата.
ВМРО-ДПМНЕ го одржа централниот митинг во Скопје на 27 ноември, кога гостин им беше австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.