НЕМА ДА СЕ ПРАВИ МОНТАЖЕН ПАРКИНГ ДО ГЕНЕРАЛШТАБОТ ЗА ДА СЕ ПАРКИРААТ И ОСТАНАТИТЕ ГРАЃАНИ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛИ НЕ Е БЕЗБЕДНО

    НЕМА ДА СЕ ПРАВИ МОНТАЖЕН ПАРКИНГ ДО ГЕНЕРАЛШТАБОТ ЗА ДА СЕ ПАРКИРААТ И ОСТАНАТИТЕ ГРАЃАНИ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ВЕЛИ НЕ Е БЕЗБЕДНОМонтажниот паркинг за 300 коли требаше да се прави на местото на дивиот паркинг кој сега го користат вработените во Министерството за одбрана.(Фото: СДК.МК)

    Општина Центар нема да прави монтажен паркинг на улицата Орце Николов до зградата на Министерството за одбрана оти не е безбедно. Со тоа, оние кои не се жители на улицата нема ќе може да паркираат на овој потег оти за зонското имаат забрана, а дополнителни паркинг места не можат да се обезбедат.

    Пред да почне реконструкцијата на улицата Орце Николов, со која за да има пешачки и велосипедски патеки се намали бројот на паркинг места, од Општина Центар беше речено дека тие ќе се надокнадат со монтажен паркинг. Тој требаше да се прави на местото на дивиот паркинг кој сега го користат вработените во Министерството за одбрана и да има капацитет за околу 300 возила.

    Од Општината сега велат дека немаат дозвола да го прават паркингот од Министерство за одбрана.

    „Проектот за изградба на монтажната катна гаража на улицата Орце Николов е одобрен од Град Скопје, но досега Општина Центар, поради безбеносни причини, како што велат од Министерството за одбрана, нема добиено согласност од истото министерство“, велат од Општина Центар.

    Од Општината додаваат дека градоначалникот Горан Герасимовски, за да се реши овој проблем и да се подобри состојбата со паркирањето, имал средби и со деканите на Архитектонскиот факултет и Градежниот факултет, на кои побарал отстапување за користење на факултетскиот паркинг. Но, и за ова барање биле одбиени.

    Со одлука на Општина Центар и ЈП „Паркинзи Општина Центар“ од средата на улицата Орце Николов може да се паркираат само резиденти односно жителите на околните згради. Останатите граѓани не смеат, па дури и ако испратат смс порака за паркирање ќе бидат казнети со поставување блокатор или возилото ќе биде подигнато со пајак службата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира