УНЕСКО го додаде украинскиот рецепт за боршч на својата листа на загрозено нематеријално културно наследство. Организацијата на ОН кажа дека војната во Украина го загрозила готвењето на боршч, супа која вообичаено се прави од цвекло и компири.
„Победата во војната за боршчот е наша“, изјави украинскиот министер за култура, Олександр Ткаченко.
Руското министерство за надворешни работи ја исмеа одлуката на УНЕСКО, заклучувајќи дека на руската верзија на ова јадење не ѝ треба никаква заштита.
Иако Украина го смета боршчот за свое национално јадење, тој е многу популарен и во Русија и другите бивши советски републики, како и во Полска. Поради тоа, неговото потекло се оспорува. Во изминатите години, на социјалните мрежи на големо се расправаше дали јадењето е руско или украинско.