ЗА ЕДНОДНЕВНИТЕ ПОСЕТИ НА ВЕНЕЦИЈА ЌЕ ТРЕБА РЕЗЕРВАЦИЈА И ВЛЕЗНИЦА ОД 2023

    ЗА ЕДНОДНЕВНИТЕ ПОСЕТИ НА ВЕНЕЦИЈА ЌЕ ТРЕБА РЕЗЕРВАЦИЈА И ВЛЕЗНИЦА ОД 2023Околу 80% туристи доаѓаат во Венеција на само еден ден (Фото: АП)

    Туристите кои на еден ден доаѓаат во Венеција во иднина ќе мора да направат резервација и да платат влез, што е обид на градските власти подобро да управуваат со посетителите кои многу често го надминуваат бројот на жителите. Новите мерки беа претставени вчера, а ќе стапат на сила на 16 јануари 2023.

    Оние кои нема да ноќеваат во градот ќе мора да се пријават преку интернет на кој ден планираат да дојдат и притоа да платат такса, што ќе се движи од три до 10 евра по поединец.

    Туристите ќе се соочат со казна од 300 евра ако бидат запрени на улица и нема да покажат доказ за резервацијата и уплатата.

    Околу 80% туристи доаѓаат во Венеција на само еден ден. Пред пандемијата во 2019, Венеција ја посетиле 19 милиони еднодневни туристи, кои потрошиле само мал дел од она што го трошеле оние кои останале барем една ноќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира