Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште Порто Романо близу Драч ќе биде база на НАТО.
Порто Романо е во фаза на изградба и кога ќе биде завршено, ќе биде најголемото трговско пристаниште на Јадранското Море. По враќањето од самитот на НАТО во Мадрид, Рама кажа дека еден дел ќе биде воен.
„Наскоро се враќаме во Брисел за да продолжиме со разговорите за нашиот предлог за воспоставување поморска база на НАТО во новото пристаниште на Драч“, изјави Рама.
Албанија и НАТО заеднички ќе ја градат и финансираат базата.
Тоа, сепак, не би била единствена база на западната воена алијанса во Албанија. Таа веќе ја гради својата воздушна база во Кучова, 80 километри јужно од Тирана.